Одбојка
Работнички со победа над Фит Фан Волеј
12.04.2023 11:00
Одбојкарките на Работнички први обезбедија пласман во финалето на одбојкарскиот плеј-оф...

Одбојкарките на Работнички први обезбедија пласман во финалето на одбојкарскиот плеј-оф. Во реванш мечот од полуфиналната серија против екипата на Фит Фан Волеј, Работнички оствари победа од 1:3 (25:23, 27:29, 16:25, 22:25) и успеа со две победи да го потврди местото во финалето.
Искуството на Работнички пресуди во решавачките моменти, па шампионките први си визираа место во финалната серија. Таму ќе го чекаат за ривал подобриот од утрешната „мајсторка“ меѓу Јанта Волеј и Наковски Волеј.
