Македонските ракометарки совладани од Украина во баражот за Светското првенство
Најдобрата македонска женска ракометна репрезентација е совладана и на реваншот од баражот за Светското првенство 2023 против Украина...

Најдобрата македонска женска ракометна репрезентација е совладана и на реваншот од баражот за Светското првенство 2023 против Украина. Украинките по победата во Скопје од 24:22, беа подобри и во унгарскиот град Кишварда со поубедлив резултат 31:22. Средбата во СЦ „Борис Трајковски“ имаше две апсолутно различни полувремиња.
Во првото Македонија одигра катастрофално, одбраната не беше на ниво, а и на нападот му недостигаше концентрација, па Украинките имаа убедлива предност. Сепак, по паузата Љубомир Савевски успеа да ги консолидира ракометарките, ја стегна одбраната и профункционира и нападот. Македонија можеше многу лесно да забележи и позитивен исход во пресрет на реваншот, но низа случки не дозволи такво нешто.
Ракометарките последен пат на Светско првенство настапија во 2007 година, кое се одржа во Франција и на кое селектор беше Љубомир Савевски, актуелниот предводник на репрезентацијата.
