Москва

Русија тестираше интерконтинентална ракета

12.04.2023 11:54

Русија пробно лансираше интерконтинентална балистичка ракета, откако го суспендираше учеството во договорот за нуклеарно разоружување со Американците...

Русија пробно лансираше интерконтинентална балистичка ракета, откако го суспендираше учеството во договорот за нуклеарно разоружување со Американците. Според Пентагон Русија ги известила САД за планираниот тест.

Од почетокот на конфликтот во Украина претседателот Путин повеќепати укажа дека употребата на нуклеарно оружје не е исклучена доколку Москва биде принудена на тоа.