Поднесена кривична пријава против лице од кичевско за „фалсификување исправа“
Пријавениот, во текот на 2019-та година набавил фалсификуван сертификат за познавање на англиски јазик, со намера да се вработи како директор на државен студентски дом...

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.А.(66) од с. Колибари, кичевско, со престојувалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.
Пријавениот, во текот на 2019-та година набавил фалсификуван сертификат за познавање на англиски јазик, со намера да се вработи како директор на државен студентски дом. Сертификатот го заверил на нотар во Кичево, по што го приложил при аплицирање за вработување како директор во студентскиот дом, соопштуваат од МВР.
