Џез Фестивал

„Џез фабрика фестивал“ по шести пат во Битола

12.04.2023 14:14

Со богата програмски концепт од домашни, регионални и интернационални музичари на повеќе локации низ Битола, ќе се одржи шестото по ред издание на „Џез фабрика фестивал“. Битолскиот фестивал прерасна во бренд кој во изминатите 5 години доживеа највисок културен и општествен ранг...

Со богата програмски концепт од домашни, регионални и интернационални музичари на повеќе локации низ Битола, ќе се одржи шестото по ред издание на „Џез фабрика фестивал“. Битолскиот фестивал прерасна во бренд кој во изминатите 5 години доживеа највисок културен и општествен ранг. Од 13-15-ти април според главната програма на сцената на Народен театар Битола публиката може да проследи по два концерти секој ден.

Споредната програма предвидува три концерти во соработка со локалната културна сцена во Битола. Фестивалот ќе биде отворен со настапот на светски познатиот џез музичар од Африка-Баба Сисоко, кој прв пат настапува во Битола, но и воопшто во Македонија. На овој фестивал претходеше изложба под наслов „Пет години Џез-фестивал во Битола“, на авторот Даниел Ѓурчиновски, каде што можат да се видат фотографии од изминатите досегашни изданија на фестивалот.

„Фестивалот се организира под патронажа на општината Битола, за жал и оваа година со минимални средства министерството за култура го поддржа фестивалот и на мое жалење е рангиран во 4-та категорија, што покажува дека Министерството за култура нема слух за овој наш џез фестивал“, изјави Сашо Поповски-организатор на  „Џез фабрика фестивал“.