Холандија

Спречен напад врз Макрон во Амстердам

12.04.2023 14:33

Спречен обид за напад врз францускиот претседател во Амстердам. Полицијата совлада и приведе демонстрант, кој трчал кон францускиот претседател и почнал да вика...

Спречен обид за напад врз францускиот претседател во Амстердам. Полицијата совлада и приведе демонстрант, кој трчал кон францускиот претседател и почнал да вика.

Претседателот Макрон со холандскиот крал пристигнувал во научниот парк на универзитет за да разговараат за квантната технологија во рамки на вториот ден од официјалната посета на Холандија. Ова е втор ден по ред, цел на демонстрантите да биде Макрон, кој се соочува со немири дома поради пензиските реформи.