Филхармонија и Џез

Филхармонија: Две национални установи не можат да функционираат под еден кров

12.04.2023 15:02

Не станува збор за суета, туку за можностите за заемно функционирање, според нив, сместувањето во иста зграда со оркестарот за џез-музика, ќе се одрази на успешноста и на едните и на другите. 108 вработени од оваа институција потпишаа петиција против одлуката....

Две национални установи не можат да функционираат под еден кров. Филхармонија останува на ставот и се закани со протест, ако Владата не ја промени одлуката за привремено сместување на новоформираниот оркестар за џез-музика во зградата на Филхармонија.

Не станува збор за суета, туку за можностите за заемно функционирање, според нив, сместувањето во иста зграда со оркестарот за џез-музика, ќе се одрази на успешноста и на едните и на другите. 108 вработени од оваа институција потпишаа петиција против одлуката.

Ја обвинија министерката за култура дека е директно одговорна за настанатиот хаос и не го испочитувала ветувањето дека на првата следна владина седница ќе се поништи одлуката. Според претседателот на Здружението на џез-музичари, Стевковски, привременото сместување во објектот на Филхармонија и заедничко функционирање е можно, додека не се најде соодветен простор за трајно решение.

Стевковски потенцира дека ова е времено решение, а во меѓувреме се надева оти Владата бара трајно решение за тоа која ќе биде нивната трајна куќа.

 

Александра Спировска