Собрание

Комисиски расправи за законските измени

12.04.2023 17:16

За измените заседаваа собраниските тела. Во Комисијата за труд и социјала, Законот за работни односи, со којшто треба да се овозможи прекувремена работа за изградба на коридорите. Поднесени се илјадници амандмани. Заседаваше и Комисијата за економски прашања. Но, и тука реакции зошто договорот не е јавно објавен...

Класифицираниот статус на договорот со Бехтел и Енка не овозможува квалитетни одлуки во Собранието-се пожали опозицијата. На комисијата на која се разгледува Законот за работни односи, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа присуство на владин претставник. Сметаат дека пратениците од мнозинството се омаловажени со фактот што се јавуваат како поднесувачи на законски измени, за договор кој и самите не го виделе. Измените кои се предлагаат се спротивни на Уставот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Речиси идентична атмосфера и во Комисијата за економски прашања пред која се измените на Законот за суровини.

Арбр Адеми, еден од поднесувачите на законските решенија ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека нивното деструктивно работење има за цел да го блокира најголемиот стратешки проект во земјава.

Во собраниските комисии ќе се најдат вкупно 8 законски измени откако по протестот на археолозите, отпаднаа оние за Законот за културно наследство.

 

 

 

Марина Стојанова Тонева