Влада

Битиќи: Во првите 48 часа АДА има услужено 1.321 граѓанин

12.04.2023 17:38

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции на својот фејсбук-профил објави пресек на активностите на АДА, првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција, во јавниот сектор, во првите 48 часа од неговото лансирање...

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции на својот фејсбук-профил објави пресек на активностите на АДА, првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција, во јавниот сектор, во првите 48 часа од неговото лансирање.

„Транспарентност, ефективност и ефикасност е целта која ја сакавме и која се постигнува со АДА веќе во првите 48 часа од нејзиното лансирање.

Во овие два дена АДА има дадено јавни услуги кон 1321 граѓанин и со нив има разменето повеќе од 24.877 пораки, разговори кои граѓаните ги имаат донесено до бараните информации и документи. АДА во последните 48 часа била активна 166.000 секунди или 46 часа.

Дигитализацијата неизбежно се случува, засилено веќе години наназад во приватниот сектор а сега чекорот го фаќа и јавниот сектор.

АДА е дигитална алатка, дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција, кој дава информации и услуги за граѓаните и бизнис секторот.

Во оваа прва фаза, АДА на сите заинтересирани граѓани и компании ќе им ги нуди сите информации за поддршка на инвестиции по Планот за економски раст, сите повици од програмата на ФИТР, како и условите за инвестирање во нашата земја преку ТИРЗ. Во иднина АДА ќе дава и други услуги од јавниот сектор.