Битола

Мирен протест на битолчани пред Клиничката болница

12.04.2023 19:38

По двата смртни случаи во битолската болница, на новороденчето и на малата Јана, попладнево се одржа протест пред здравствената установа. Присутните рекоа дека состојбата во болницата е алармантна, и оти оставката на директорот не е доволна зашто е потребна итна реорганизација...

Роднините, пријателите и револтираните граѓани го одржаа третиот мирен протест под мотото „Правда за Јана“. Овојпат пред битолската Клиничка болница со повеќе активности и симболики со цел да се одаде почит на многуте млади животи кој згаснале поради несоодветен лекарски третман, но и даiсе испрати уште еден апел за сериозни реформи во македонското здравство.

Мирниот протест пред Клиничката болница започна со едноминутен молк за да се одаде почит кон сите згаснати млади животи поради пропусти во лекарскиот третман, за сите оние случаи кои сè уште нема судски разрешници. А силните звуци од сирената ја испратија пораката дека треба да се означи алармантната состојба во битолското здравство. Да се каже јасно и гласно дека повеќе нема место за отстапки, туку потребна е темелна реорганизација порача организаторот и кум на шестгодишната Јана Христовска која на денешен ден пред три недели почина на педијатрија по примената инфузија.

Пред некој ден починатото новороденче на гинекологија беше уште еден тажен момент на кој граѓаните не можеа да останат рамнодушни. Велат не сакаме сите здравствени работници да ги ставиме во ист кош, но неодговорноста мора да се осуди.

Инаку, по трагичните случувања во последните три недели дојде и до промена во раководството на болницата. Од вчера д-р Елизабета Ивановска специјалист од интерното одделение нов директор кој ќе треба да решава многу наследени проблеми меѓу кај како најголем е недостатокот на околу 100 лекари специјалисти.

 

 

Стевче Митревски