Бугарија
Новиот бугарски парламент ниту денеска не избра претседател
12.04.2023 21:07
Бугарското народно собрание не успеа да избере претседател на денешната конститутивна седница...

Бугарското народно собрание не успеа да избере претседател на денешната конститутивна седница. Двајцата предложени кандидати за спикер, Росен Жељазков од ГЕРБ и Петар Петров од Преродба, не го добија потребниот број гласови за да бидат избрани за оваа функција.
Претседателот на државата Радев предупреди дека ако не се избере спикер, тоа ќе го блокира процесот за врачување на мандатот. Утре ново заседание. Радев очекува поддршка за европскиот курс на земјата и одлука за излез од политичката криза.
