САД
Трамп го тужи својот својот поранешен адвокат Мајкл Коен
13.04.2023 09:34
Во тужбата се наведува и дека Коен шири невистини за Трамп со зла намера и себични цели...

Поранешниот американски претседател Трамп го тужи својот поранешен адвокат, Мајкл Коен, за над 500 милиони долари, под обвинение за прекршување на односот меѓу адвокат и клиент, неоправдано збогатување и други работи.
Во тужбата понатаму се наведува и дека Коен шири невистини за Трамп со зла намера и себични цели. Трамп ја поднесе тужбата откако Коен сведочеше пред големата порота на Менхетен. Која го обвини Трамп за 34 дела за фалсификување деловни документи.
