Бугарија

Бугарскиот парламент не успеа да избере свој претседател

13.04.2023 09:37

Нов обид бугарското Народно Собрание да избере не претседател. Парламентарните партии не можат да се усогласат кој да раководи со законодавниот дом, на вчерашната конститутивна седница, ниту еден од двајцата кандидати не успеа да го добие потребното мнозинство...

Нов обид бугарското Народно Собрание да избере не претседател. Парламентарните партии не можат да се усогласат кој да раководи со законодавниот дом, на вчерашната конститутивна седница, ниту еден од двајцата кандидати не успеа да го добие потребното мнозинство.

Парламентот не може да започне со работа без избран претседател и репрезентативни клубови, а ни претседателот Румен Радев не може да даде мандат на ниту една партија да се обиде да формира нова Влада. Во Парламентот се претставени шест спротивставени политички фракции. Политичкиот ќорсокак во Бугарија оневозможува стабилна Влада или постојана коалиција во Парламентот. 

На почетокот на април се одржаа петтите парламентарни избори во последните две години. На последните избори Сојузот на десниот центар граѓаните за европски развој на Бугарија, (ГЕРБ), на поранешниот премиер Бојко Борисов и Унијата на демократски сили (СДС) добија 26 отсто поддршка.

Лидерот на ГЕРБ, Борисов, изјави дека е подготвен да разговара со „Продолжуваме со промената“ на Петков за формирање Влада.