Свет

Нови протести во Франција против пензиската реформ

13.04.2023 10:12

Според проценките се очекуваат околу 600.000 лица. Ќе се ангажираат над 11.000 полицајци, од кои 4.200 ќе бидат во Париз...

Француските синдикати, повторно повикаа на протести ширум земјата против пензиските реформи на претседателот Макрон. Според проценките се очекуваат околу 600.000 лица. Ќе се ангажираат над 11.000 полицајци, од кои 4.200 ќе бидат во Париз.

Уставниот совет се очекува утре да ги соопшти резултатите од разгледувањето на предлогот за реформи. Може делумно или целосно да ја поништи пензиската реформа или да ја прогласи за уставна.