ПОЦ
Паркирањето во Општина Центар за Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани
13.04.2023 10:26
Во петок, недела и понеделник граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар...

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани.
Тоа значи дека во петок, недела и понеделник граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.
Изостанува саботата бидејќи согласно програмата за неработни денови за 2023-та година на Министерството за труд и социјална политика, сабота е работен ден и затоа паркиралиштата ќе работат со вообичаено работно време, соопшти Јавното претпријатие ПОЦ.
Депото на „Пајак“ службата ќе работи 24 часа за време на празниците.
