МВР

Претрес во Куманово, пронајден кокаин, приведено едно лице

13.04.2023 10:49

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода А.А.(53) од Куманово, биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага...

На 12.04.2023, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода А.А.(53) од Куманово.

При преглед кај него, на улицата „Циглана Вардар“ во Куманово, бил пронајден кокаин, додека при претрес во неговиот дом, извршен подоцна со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.