ФИТР

ФИТР чекор поблиску до акредитација во Зелениот климатски фонд (ЗКФ)

13.04.2023 11:27

Фондот за иновации и технолошки развој како прва државна институција назначена од страна на Владата на Република Северна Македонија која ќе го отпочне процесот на акредитација кон Зелениот климатски фонд (ЗКФ), официјално поднесе апликација за акредитација кон ЗКФ...

Фондот за иновации и технолошки развој како прва државна институција назначена од страна на Владата на Република Северна Македонија која ќе го отпочне процесот на акредитација кон Зелениот климатски фонд (ЗКФ), официјално поднесе апликација за акредитација кон ЗКФ.

Со успешно завршување на процесот на акредитирање, ФИТР ќе стане прва акредитирана национална институција во Македонија, која ќе овозможи поголем пристап до финансии од ЗКФ наменети за реализирање на климатските програмски приоритети на Република Северна Македонија и поттикнување на иновативни, зелени инвестиции, со целосна сопственост во процесот на климатско финансирање и негово подобро интегрирање со националните акциски планови за клима.

Како почеток на заложбите на ФИТР во насока на поттикнување на зелените инвестиции во приватниот сектор, минатата година Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции и ФАО, објави повик за „Справување со климатски промени 2022“. Пет домашни компании се добитници на финансиска поддршка во вкупен износ од 7.5 милиони денари, кој веќе започнаа со реализација на своите иновативните решенија со кои ќе овозможат развој на иновативни, климатски/чисти технологии, производи и/или процеси насочени кон ублажување или намалување на последиците од климатските промени.