МВР: 297 санкции за сообраќајни прекршоци
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 11.00 до 17.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 11.00 до 17.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 297 санкции за сообраќајни прекршоци. При контролата, санкционирани се 25 возачи за возење без возачка дозвола, а четири возила биле со неисправен уред за сопирање.
На вонреден технички преглед биле упатени 44 возила, а кај 13 биле констатирани технички неисправности, соопштуваат од МВР.
