здравје

Ротквица - зеленчук што изобилува со многубројни витамини и минерали

13.04.2023 11:56

Ротквицата е зеленчук што изобилува со многубројни витамини и минерали што се од големо значење за одржувањето на доброто здравје на човекот...

Ротквицата спаѓа во семејството зеленчуци под името „зелки“, заедно со брокулата, марулата, зелката и карфиолот. Ротквицата може да биде со бела, црвена, виолетова и црна боја и со цилиндрична, долгнавеста или кругла форма. Ротквицата е зеленчук што изобилува со многубројни витамини и минерали што се од големо значење за одржувањето на доброто здравје на човекот, од кои најбројни се витамините Ц, Б9, Б6, К и Б2 и минералите калиум, манган, бакар, калциум и железо

Помага во лекувањето на жолтица. Ротквицата е помеѓу најефикасните природни лекови за жолтицата бидејќи ја прочистува крвта и успева да го намали и регулира нивото на билирубинот во неа. Ротквицата е важна за одржувањето на здравјето на црниот дроб и на желудникот.

Ротквицата е природен диуретик што помага во исфрлањето на течностите и токсините од организмот. Исто така го намалува ризикот за кардиоваскуларни заболувања.

Овој зеленчук има силен луткаст вкус и остар мирис што и дава улога на природен лек во третирањето на инфекции на дишните патишта. Ротквицата има антиинфламаторно дејство и помага во лекувањето на инфекции, надразнетост и воспаление на носот, грлото, дишникот и белите дробови.