Обдукцискиот наод за мала Јана сè уште се чека
Во Основното јавно обвинителство сè уште не е пристигнат обдукцискиот наод кој треба да покаже која е причината за смртта на шестгодишната Јана Христовска, девојчето што почина во битолската болница.

И по три недели во Основното јавно обвинителство сè уште не е пристигнат обдукцискиот наод кој треба да покаже која е причината за смртта на шестгодишната Јана Христовска, девојчето што почина во битолската болница.
Оттаму за мтв велат, за извршување на судско-медицинското вештачење потребно е определено време, согласно објективните околности и времетраењето на анализите кои треба да се извршат, бидејќи задолжително е почитување на прецизни протоколи за работа со цел да се обезбеди целосна точност и веродостојност на добиените резултати, додаваат дека надлежниот јавен обвинител е во комуникација со институцијата што ја изврши обдукцијата.
Во меѓувреме обвинителството ја обезбедило медицинската документација за девојче и се вршат разговори со сите лица кои би можеле да имаат некакви сознанија. Доставен е и извештајот од стручниот надзор од комисијата формирана од Министерството за здравство според кој нема пропусти при давањето на лекарска помош и Јана починала поради застој на срцето. Пропусти, не констатираа ниту инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Во меѓувреме голем број граѓани, протестираа во Битола, од каде упатија порака до надлежните за лошите услови во здравствениот систем, барајќи правда за случајот со шестгодишната Јана.
