Министерството за правда веќе ги објави имињата на дел од експертите кои се предложени од политичките партии
Министерството веќе ги објави имињата на дел од експертите кои се предложени од политичките партии, во наредниот период ќе бидат објавени и тие кои се дел од академската фела, тогаш ќе започне стручната работа...

Во однос на комисијата таа веќе е во процес на формирање во Министерството за правда. Министерството веќе ги објави имињата на дел од експертите кои се предложени од политичките партии, во наредниот период ќе бидат објавени и тие кои се дел од академската фела, тогаш ќе започне стручната работа. Ќе бидат изработени амандманите истите ќе бидат доставени до Владата, и потоа поднесени до Собранието.
На пратениците, останува да имаат демократски капацитет и визија за да обезбедат европска иднина за граѓаните, велат од Владата, со став дека се работи за одлука за обезбедување на непречен процес на преговори со ЕУ.
