Здравство

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ бара целосно расчистување на двата немили настани во болницата во Битола

13.04.2023 13:27

За тоа што нема корективни мерки за состојбата во болницата во Битола одговорни си министерот за здравство и владата, не само директорот, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Државниот санитарен и здравствен инспекторат констатира пропусти на лекарите во однос на третманот на родилката од Битола, која го загуби бебето. За ова, освен лекарот одговорност ќе понесат болницата и одговорното лице...

За тоа што нема корективни мерки за состојбата во болницата во Битола одговорни си министерот за здравство и владата, не само директорот, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Бараат транспарентност со стручни факти и аргументи и целосно расчистување на двата немили настани, кои се случија за нецел месец во Болницата во Битола, пред сè заради враќање на довербата во јавно-здравствениот систем и преземање институционални мерки итно и неодложно.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат констатира пропусти на лекарите во однос на третманот на родилката од Битола, која го загуби бебето. Ден пред породувањето, кога пациентката побарала лекарска помош, не и била земена анамнеза и не и бил евидентиран статусот, не и било дадено ниту отпусно писмо и не се внесени дадените препораки од гинеколог, велат од ДСЗИ.

За ова, освен лекарот одговорност ќе понесат болницата и одговорното лице. За гинекологот ќе биде изречена и прекршочна мерка по Законот за здравствена заштита, бидејќи по дадената терапија пациентката била пуштена дома со образложение дека раѓањето не било почнато. ДСЗИ ќе иницира до Министерството за здравство формирање на комисија за евентуално утврдување лекарска грешка.