Помош за тетовецот Бране Глигориевски

10.05.2014 17:01

Откако пред околу една недела починала мајка му, тетовецот Бране Глигориевски останал без никакви примања, бидејќи живееле само со нејзината пензија. Неговата куќа од кал и тули се распаѓа. Бара помош, но и работа.

Куќава изгледа напуштено, но таа е домот на тетовецот Бране Глигориевски, кој живее во населбата Два Бреста. Низ повеќето од собите се гледа небото, таваните се срушиле, а земјените ѕидови се распаѓаат.

Пред околу една недела починала мајка му. Едвај успеал да се снајде околу трошоците за погребот. Нејзината пензија била единствената егзистенција за двајцата. Сега е сам, без никаква поддршка.    

„Ако може да ми се излезе во пресрет, некоја работа да ми се најде. Било каква работа, од работа не се срамам. Ако може нешто и државата да ми излезе во пресрет, некоја институција. Барам било каква помош, само да ми се излезе во пресрет“, вели Бране Глигориевски.

Еден од неговите соседи смета дека градежните компании можат да помогнат во обновата на куќата, за која вели дека може да се урне во секој момент.

„Апелирам до хуманите луѓе и до државата и до овие социјална помош што даваат, ако може на овој човек да му се излезе во пресрет со градежни материјали или со парични средства или со некоја опрема, да му се донира на овој човек“, повикува Мирче Ефкоски.  

Покрај помошта која деновиве му е најпотребна, за Бране, наоѓањето работа е најважно. 

Зоран Јованоски