Казна за сопствениците на домашни миленици доколку предизвикаат општа опасност
Казна од шест месеци до една година може да заработат сопствениците на домашни миленици ако предизвикаат општа опасност во околината, штетата може да достигне и до милион денари...

Казна од шест месеци до една година може да заработат сопствениците на домашни миленици ако предизвикаат општа опасност во околината, согласно законот за облигациони односи. Штетата може да достигне и до милион денари-велат експертите. Според адвокатката Јоанидис, во кривичниот законик не е регулирано како се постапува во случај на каснување од куче.
А граѓаните чекаат одговорност по трагедијата со усмртеното осумгодишно дете по напад од куче на неговиот сосед во скопска Пинтија. Бараат поголема одговорност и од институциите и од сопствениците кои одлучиле да чуваат миленици.
Во меѓувреме се врши процена на околностите под кои се случил инцидентот, според институциите ќе бидат преземени сите мерки за расветлување на случајот.
Александра Велинова
