Се поставуваат ВД директори, бидејќи немаат соодветно образование
Дури 40% од институциите во земјава кои имаат управни или надзорни одбори имаат ВД директор. Ако немаат соодветно образование или не владеат странски јазик, а треба да бидат поставени на чело на институцијата, тогаш наместо директори, се именуваат како ВД директори, нотира Центарот за управување со промени, кој вели дека структурни проблеми се провлекуваат со години...

Ако немаат соодветно образование или не владеат странски јазик, а треба да бидат поставени на чело на институцијата, тогаш наместо директори, се именуваат како ВД директори. Ова е нотирано во извештајот на Центарот за управување со промени, во кој се вели дека дури 40% од институциите во земјава кои имаат управни или надзорни одбори, имаат ВД директор.
Од Институтот велат дека ова е полесен начин за назначување за да се избегне објавувањето на конкурс. Истражувањето покажало структурни проблеми, кои се провлекуваат со години.
Сепак, уште поголем проблем се политичките калкулации и пазарења, велат од ЦУП, бидејќи тоа е процесот преку кој се доаѓа до директорско место. Истражувањето покажало дека најголем дел од средствата што ги добиваат овие институции кои се над 400 на број, се за исплата на плати, а не и за квалитетот за подобрување на услугите.
Вицепремиерката Грковска посочи дополнителен проблем со поделбата на одговорностите на централната и локалната власт.
Целта на истражувањето на ЦУП е да покаже, како функционираат институциите коишто имаат управни и надзорни одбори.
Катерина Топалова
