Нови протести низ Франција против пензиската реформа
Нови протести во Франција, на улица се очекуваат 600 илјади луѓе. Протестите се насочени против реформите, кои вклучуваат зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години...

Париз повторно во пламен. Се зголемува револтот против пензиската реформа во Франција. Синдикатите на штрајк пред клучната одлука за Предлог-законот на Уставниот совет кој треба утре да се произнесе за ова прашање кое предизвика масовни, и насилни демонстрации. Дел од толпата упадна во седиштето на луксузниот конгломерат ЛВХМ, а железничарите кои протестираа пред Уставниот совет палеа отпад пред објектот.
„Се надеваме дека ќе има умни луѓе во Советот кои ќе речат дека нешто се случува во Франција. Мора да најдеме излез од оваа криза. Излезот е кај Уставниот совет кој треба да го отфрли законот“.
Пензиската реформа може делумно или целосно да ја поништи или да ја прогласи за уставна. Владата се обидува да ја подигне старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Претседателот Макрон уверува – јавната дебата ќе продолжи. Десничарската влада сака да ја затвори финансиската дупка во пензискиот фонд со реформа. Очекуваат дека ќе влезе во сила пред крајот на годинава.
„Бараме помирување и дијалог. Ги осудуваме сите форми на насилство. Не сакаме никакво изразување на насилство или притисок кој би им бил товар на републичките институции. Уставниот суд има право да дебатира смирено и одлуката треба да се почитува од сите“, изјави Оливие Веран, портпарол на француската Влада.
Протестите се интензивираа бидејќи Владата го протурка текстот низ Националното собрание без гласање.
Маја С. Филдишев
