Неуспеа обидот за „Орото за Гинис“

10.05.2014 17:09

Денеска не успеа обидот за најголемо оро на светот-како нов гинисов рекорд, почетокот Струга-крајот Охрид.  Имавме најдобри и дури оптимистички намери велат организаторите. Сепак на орото се фатија сите што имаа желба за ваквата убава манифестација да успее.

Денеска не успеа обидот за најголемо оро на светот-како нов гинисов рекорд, почетокот Струга-крајот Охрид.  Имавме најдобри и дури оптимистички намери велат организаторите. Сепак на орото се фатија сите што имаа желба за ваквата убава манифестација да успее.

Неуспешен беше обидот 18.000 играорци да го срушат рекордот од најголемото оро запишано во гинисовата книга на рекорди. После сумирањето на податоците Македонија можеби ќе влезе во друга категорија на рекорди со над 7000 учесници кои на потегот Струга-Охрид играа на седум-осминскиот такт.


„Орото е изиграно, играорците беа во низа, сето тоа е документирано и ќе биде испратено до Гинис, за што ќе чекаме верификација. Ние имавме оптимистичка варијанта, да го собориме и најдолгото оро изиграно од кинезите, меѓутоа нашето оро е поинакво и нашето е ставено во друга категорија“, истакна Насер Хот од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.

Сплотеноста пред се помеѓу многубројните нации и туристи беше доволна причина за денешниот настан.

Голема беше радоста денеска на учесниците кои играа за најголемото оро во Гинисовата книга на рекорди. Во орото имаше учесници од сите нации, многу вери, религии, култури сплотени во едно, сплотени во седум-осминскиот такт.

Учесници имаше од сите делови на нашата земја.


Чувството да се биде дел од соборувањето на гинисовиот рекорд на најголемото оро во светот е прекрасно, вика една учесничка.

Многу ми е драго затоа што денес сме во Струга, и сакаме на светот да покажеме дека Македонија го има најубавото оро во светот, затоа што кога се пушта македонската музика нема човек во светот кој не би се фатил на орото. Поради сето тоа сум многу среќна шти на ваков прекрасен ден во Струга и во Охрид учествуваат деца, млади и секој оној кој сака да учествува за да го исполниме ветувањето за Гинисовата книга, вика една наставничка од Скопје.

За туристите од Холандија ова беше голем настан и неверојатно искуство.

Јас сум од Амстердам и она што сега го видов е прекрасно. Замислете 18.000 луѓе кои ќе играат е навистина фрапантна бројка и спектакл, вика холандскиот турист во Струга.

Од организацијата изразија жалење што не се успеа во плановите над 20 илјади луѓе, кои пројавиле интерес да бидат дел од овој проект, но задоволството од сплотеноста беше доволен мотив да се заигра под мотото Македонија едно оро.

Новинар: Јованчо Наумоски