Дојран се подготвува за новата туристичка сезона
Нови плажи, пешачки патеки и скијањето на вода се најновите адути на Дојран за привлекување гости од странство. Гражаните очекуваат зголемен број туристи во своите апартмани, хотелиерите полни капацитети а локалната самоуправа поголем буџетски прилив...
Во срцето на македонскиот медитеран, се гради една од двете нови плажи. Градската плажа во должина од 500 метри, ќе има и три шанкови, детски паркови, тениско, одбојкарско и фудбалско игралиште и современи тоалети. Жителите кои очекуваат ова лето да биде да бидат атракција за гостите.
-Па дај Боже, би требало, еве Дојран се спрема да биде нешто убаво. Би требало да има гости. Дојран не е само езеро, тој е и воздушна бања, вели жителка на Дојран.
-Оваа сезона очекуваме да биде многу успешна, вели друга жителка.
Паралело со ова, се гради и пешачката патека меѓу Стар и Нов Дојран која ќе биде уште една содржина плус за сезоната што доаѓа, велат локалните власти, додавајќи дека се интензивирани активностите за изградба на плажите кои ги гради министерството за транспорт и врски.
-Кон средината на јуни или на 20 јуни треба да биде крајниот рок за завршување на овие два импозантни објекти за Дојран. Со што очекуваме успех, голем број на туристи да дојдат ова лето во Дојран, вели Борче Стамов- градоначалник на Дојран.
Пред неколку недели Дојран го доби и проектот од ИПА програмата за меѓугранична соработка со Грција за изградба на првиот Кејбл парк- или забавен парк над вода кој ќе биде готов наредната година.
Катерина Давчева
