Штип

АХВ дозволи репопулација на свинските фарми

14.04.2023 10:10

Сточарите чии фарми останаа празни заради африканската свинска чума, може да вршат репопулација, но откако стандардите во поглед на биосигурносните мерки на фармите бидат подигнати на највисоко ниво. Контролата ќе ја вршат лиценцирани ветеринари кои ќе ги категоризираат фармите со среден или низок ризик...

Агенцијата за храна и ветеринарство ја оценува состојбата со африканската чума кај свињите како стабилна. Само во две населени места во кумановско сè уште се на сила рестриктивните мерките за заштита од болеста. Во сите други општини, може да се врши репопулација, откако ќе се преземат сите биосигурносни мерки. Најголем интерес за повторно населување на фармите изразуваат сточарите кои чуваат до десет товеници.

За да се елиминира секоја можност за ширење на болести, постои протокол за набавка на новите грла.

Од појавата на африканската свинска чума во август минатата година, уништени се над три ипол илјади грла. Сточарите од истокот добија обесштетување. Сточниот пазар во Облешево кој беше целосно затворен за работа од појавата на болеста, сега е отворен, но забраната за тргување со свињи на пазарот сè уште е на сила.

 

Славица Величковска