Празник
Велики Петок, најтежок празник кај Христијаните
14.04.2023 08:40
Православните христијани го чествуваат Велики или Црн Петок, најтешкиот и најтажниот ден во годината...

Велики Петок е денот кога е распнат спасителот и претставува симбол на Христовите страданија. Православниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце.
За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.
Велики Петок се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.
