Устенко: Унгарија преку договорите со Русија ја спонзорира војната во Украина
Олех Устенко, економскиот советник на претседателот на Украина, рече дека низата договори кои ја зајакнуваат енергетската соработка на Унгарија со Русија ја продолжуваат агресијата врз Украина...

Олех Устенко, економскиот советник на претседателот на Украина, рече дека низата договори кои ја зајакнуваат енергетската соработка на Унгарија со Русија ја продолжуваат агресијата врз Украина.
Ја повика Европската унија да ги блокира. Советникот на Зеленски рече дека Унгарија, преку своите договори со Русија, ја спонзорира војната во Украина и воените злосторства.
Претходно, унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто ја посети Москва, каде постигна договор за зголемување на испораката на гас од Русија и го обнови договорот за финансирање на нуклеарната централа Пакс.
