Пјонгјанг

Северна Кореја очигледно тестирала ракета со цврсто гориво

14.04.2023 09:52

Северна Кореја го проширува својот ракетен арсенал...

Северна Кореја го проширува својот ракетен арсенал. Пјонгјанг објави дека при вчерашното лансирање за првпат бил тестиран проектил со погон на цврсто гориво.

Северна Кореја соопшти дека тестирала нова интерконтинентална балистичка ракета со цел да ја зајакне способноста на земјата за нуклеарен контранапад.