Русија нема да го пренесува финалето на „ Евровизија“, поради брадата на Кончита
10.05.2014 17:42
Постои голема веројатност Русија вечерва да не го прикаже финалето на Евровизија (21 часот) поради Кончита Вурст, австрискиот претставник на овој натпревар. Ова со петиција го побарало Руското родителско здружение, кое бара забрана на преносот на оваа манифестација. За нив, стилот на контроверзниот уметник е неприфатлив.

- Животниот стил на австрискиот претставник е неприкладен за Русите. Популарниот меѓународен натпревар кој ќе го гледаат нашите деца се претворило во легло на содомија на иницијатива на европските либерали – пишува во петицијата на Руското родителско здружение, кое бара забрана на преносот на оваа манифестација.
Од ова здружение наведуваат дека Русија успеала да ги задржи нормалните семејни вредности кои се базираат врз љубовта помеѓу мажот и жената. Оваа петиција ја потпишале повеќе од 15.000 луѓе.
Неколку дена пред почетокот на овогодинашниот Евросонг, рускиот политичар Виталиј Милонов побарал на Кончита да му се забрани учество на песната за Евровизија.
- Тоа што тој травестит и хермафродит ќе биде на иста сцена со руските претставници е очигледно промовирање на хомосексуализмот и показател на духовното пропаѓање – рекол тој.