Франција

Нови протести во Франција против пензиската реформа

14.04.2023 11:42

Француските синдикати повторно повикаа на штрајкови и протести ширум земјата против постепеното зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години...

Француските синдикати повторно повикаа на штрајкови и протести ширум земјата против постепеното зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Обвинуваат дека на грбот на народот, владата сака да ја затвори финансиската дупка која ја направила во пензискиот фонд.

Властите очекуваат на протестите да учествуваат од 400-ни до 600-ни илјади лица, а за безбедноста се ангажирани преку 11 илјади полицајци и жандарми.

Францускиот претседател порача дека очекува реформата да стапи на сила до крајот на годината. Плановите може да му ги промени Уставниот суд, кој утре треба да ги каже резултатите од разгледувањето на предлогот за реформи.