Здравство

Сомнежи за нова подваријанта на Ковид-19

14.04.2023 11:44

Бројот на пациенти во амбулантите изминативе две недели, зголемен за 30 проценти. Матичните лекари велат дека не се проблем пролетните алергии. Според симптомите, сомнежите одат кон подваријанта на Ковид-19...

Изминативе две недели, за 30 проценти е зголемен бројот на пациенти во амбулантите на матичните лекари. Но, не се проблем пролетните алергии. Симптоматологијата е настинка со температура 38-39 степени, која трае ден-два. Ова не е вообичаено за овој период, вели докторката Ѓоргиевска.

Крвната слика на пациентите уредна, ЦРП покачено. Според лекарите, можно е да се работи за некоја подваријанта на Ковид-19.

Стапките на болничко лекување се ниски и заразата може да се лекува и дома. Според лекарите, луѓето кои биле вакцинирани и изложени на природна зараза за време на последните бранови на Ковид-19 развиваат силен имунитет на вирусот.

 

 

Наташа Јанчиќ-Менковски