Преспанско-пелагониската епархија располага со 11 живи манастири
Онаму каде што има монашки братства и сестринства се вели дека манастирите се живи. Во Преспанско- пелагониската епархија во 11 манастирски комплекси е активен монашкиот живот. Митрополитот г. Петар вели дека тоа е избор на поединецот и тие што живеат во манастирите треба да бидат образец на вистински живот согласно со учењето на светото писмо и предание...

Во Преспанско-пелагониската епархија егзистираат околу 100 манастирски комплекси. 11 важат за живи манастири во кој живеат над 40 монаси и монахињи. Ако манастирот свето Преображение во Зрзе е најдобар пример како функционира едно монашко братство, Слепчанскиот манастир Св. Јован Претеча е оној во кој сестринство доминира. Освен што се занимаваат со дејностите за нивните потреби, го негуваат, иконописот и живописот, во преден план е секојдневниот богослужбен пролог за житијата на светите што е еден обемен зафат за побогато црковното депо.
Монашкиот и искушеничкиот живот бележи благ пораст, но не инсистираме по секоја цена да се привлекуваат бидејќи тоа треба да биде слободна желба на поединецот. Само така ваквиот живот може да биде оригинален бидејќи да избереш да се венчаш со црквата и да живееш самотен живот е посебен предизвик вели владиката.
Преспанско-пелагонискиот Митрополит кон останатите верници со апел да се продолжи трендот да се биде почесто на светите богослужби и со примена на божјите заповеди да ја искажуваме љубовта кон верата и бога.
Стевче Митревски
