Украина

Продолжуваат жестоките борби за Бахмут и Маринка

14.04.2023 12:37

Продолжуваат жестоките борби за Бахмут и Маринка. Руските сили се обидуваат да преземат целосна контрола над украинскиот град. Британското Министерството за одбрана во својот дневен извештај за разузнавање тврди дека украинските трупи биле принудени да направат како што се вели-„уредно повлекување“...

Продолжуваат жестоките борби за Бахмут и Маринка. Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека и покрај големите загуби, руските трупи продолжуваат со обидите да напредуваат на четири линии на фронтот – кај Лиман, Бахмут, Авдијивка и Маринка. Украинските сили одбиле 49 напади во тој правец.

Британското Министерство за одбрана тврди дека украинските трупи биле принудени да направат повлекување од позициите во Бахмут и дека во последните денови се забележува интензивно артилериско бомбардирање од страна на руските сили.

Руското Министерство за одбрана пак објави снимка од наводно борбените активности на противтенковските екипи „рапира“ на западниот воен округ во зоната на специјалната воена операција.

Претседателот Зеленски рече дека целта за пристапување на Украина во Европската унија е остварлива и ги поздрави напорите на работниците во одбранбената индустрија.

„Во палатата марински, каде што секогаш им оддаваме чест на оние кои направиле најмногу за украинската држава, за прв пат се прослави денот на работниците на нашата одбранбена индустрија. Сите оние кои создаваат украинско оружје, украински гранати и украинска опрема. Разговарав за некои од нашите чекори кон Европската унија, законодавните чекори и спроведувањето на усвоените измени. Целта на нашата земја е апсолутно остварлива. Украина ќе биде интегрирана со сите институции и практики на Европската унија и ќе станеме полноправна членка. Ние сме целосно подготвени“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Доверлив американски разузнавачки документ сугерира дека приватната воена компанија Вагнер се обидела да купи оружје и воена опрема од Турција, земја членка на НАТО. Турција како членка на НАТО и партнер на САД јавно изрази противење на конфликтот. ЕУ ја додаде „Вагнер“ на листата на санкции.

Европската унија одобри исплата на една милијарда евра за земјите-членки како компензација за трошоците за муниција донирана на Киев.

 

Марина Ристова