Велипеток, најтежок ден во христијанството
Велипеток е најтажниот и најтежок ден во христијанството. Од изутрината се отворени храмовите и верниците доаѓаат на целивање. Така е и во Прилеп каде се задржале и повеќе обичаи. Времето дождливо, но не ги спречи граѓаните да дојдат во храмовите...

Во храмовите на целивање на најтажниот и најтежок ден во христијанството – Велипеток. Да се запали свеќа, да се остави црвено велигденско јајце. Да се целива Исусовата плаштеница, да се испрати мислата за здравје на семејството. Прилепчани и со вековен обичај, да се купи нешто од пред црква.
Обичаите и традициите се жилави, опстојуваат низ вековите, па и милениумите. Има и одредени посебности во некои краишта, така е и во прилепско.
Привршуваат подготовките за големиот празник – Христовото воскресение.
Елизабета Митреска
