Дојран

Дојран се полни со гости за Велигден

14.04.2023 13:47

Дојран почна да се полни со гости за големиот христијански празник Велигден. Претежно од домашни гости. Други пак граѓани заминаа за Грција претежно преку преминот Богородица каде претпладнево се чекаше и по половина час за излез од државата...

Се полнат приватните сместувачки и хотелски капацитети во Дојран за време на големиот христијански празник Велигден. Илјадници гости од земјава ќе престојуваат во ова туристичко место за време на празникот. Според градоначалникот има што да се посети и види за време на посетата во Дојран.

Дојран гостите го користат и како попатна станица кои заминуваат за Грција. За последните 24 часа преку овој граничен премин земјава ја напуштиле околу 1.228 патници. Далеку поголема е бројката на ГП Богородица каде фреквенцијата на моторни возила претпладнево беше поголема.

Викендов за Велигден се очекува да се наполнат и повеќе излетничко рекреативни локалитети во Југоистокот доколку дозволат временските услови.

 

 

Ване Трајков