Ковид-19

Даниловски: Очекувано беше по пандемијата да се јават повеќе подваријанти

14.04.2023 14:51

Бројот на пациенти во амбулантите изминативе две недели, зголемен за 30 проценти. Матичните лекари велат дека не се проблем пролетните алергии. Според симптомите, сомнежите одат кон подваријанта на Ковид-19. Според епидемиологот Даниловски очекувано беше по пандемијата да се јават повеќе подваријанти кои се позаразни, но не се со потешка клиничка слика...

За 30 проценти е зголемен бројот на пациенти во амбулантите на матичните лекари, изминативе две недели. Но не се проблем пролетните алергии. Симптоматологијата е настинка со температура, која трае ден-два, се движи 38-39 степени. Ова не е вообичаено за овој период, вели докторката Ѓоргиевска.

Крвната слика на пациентите била уредна, ЦРП им било покачено. Според лекарите се работи за некоја подваријанта на Ковид-19. Новиот сој според научниците е за 20 проценти позаразен од неговиот претходник. Професорот Даниловски смирува, но не е поопасен. Освен симптомите што го следат овој вирус, кај децата се појавува и конјунктивитис.

Стапките на пациенти на болничко лекување се ниски и може да се лекуваат дома.

 

 

Наташа Јанчиќ-Менковски