Се огласи мајката на починатото бебе од Битола
Мајката на бебето кое почина во битолската болница обвинува за пропусти при пораѓајот и лекарска грешка...

Мајката на бебето кое почина во битолската болница обвинува за пропусти при пораѓајот и лекарска грешка.
Таа на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека бебето не и починало во стомакот ниту било извадено со вистински вакуум. Откако и пукнал водењакот, објаснува дека два часа молела да и биде извршен царски рез, но докторите одбивале да и извршат ваквата интервенција велејќи дека нема време оти бебето е заглавено во канал.
Според нејзините тврдења бебето и било насила извадено, докторите ја удирале по стомакот и вели дека сè уште има модрици по стомакот. Поради ова вели дека нема да се откаже сè додека сите инволвирани не сносат одговорност за смртта на нејзиното бебе, бидејќи тврди дека имала здрава бременост до последен момент.
