Политика

Османи: Уставните измени се обврска на државата

14.04.2023 16:30

За уставните измени не треба да се уценува со правата на етничките Албанци во земјава, смета министерот Османи. Шпанскиот министер за надворешни Албарез во Македонија, евроинтеграција на Западен Балкан, Шпанија ја понуди преку меморандум сопствената поддршка...

Албанците да не се алиби за блокирање на уставните измени-порача министерот за надворешни работи Бујар Османи, како одговор на барањето на опозициските партии за бришење на употреба на јазикот на 20% во земјава. Тој повика до албанскиот политички камус да бидат инклузивни во процесот за кој како што рече иако е поминат крајниот рок. Тој прецизираше — измените не се работа која ги допира само Македонците, тоа е обврска која ја има преземено државата, и дека не е време да се подгрева националистичка реторика.

Османи дополни и дека нема да има никакви модификации во делот на внесување на бугарите во Уставот, надвор од како што е прецизирано во францускиот предлог. Место за македонски бугари во Уставот ќе нема, тие се дело од бугарскиот народ, вели Османи.

На средбата со неговиот колега од Шпанија Хозе Албарез Буено разговарано за забрзувањето на пристапниот процес во ЕУ, пред претстојното претседавање на Шпанија со Советот на ЕУ.

Двајцата министри потпишаа Меморандум за соработката во процесот на пристапување на Унијата.

 

 

Марина Стојанова Тонева