За празниците во соседството и на егзотични места
Каде најмногу ќе патуваат Македонците? Според туристичките агенции во странство, опаѓа интересот за Турција поради катастрофалниот земјотрес. Интересни дестинации се оние кои нудат попусти...

За велигденските и првомајските празници, добар дел од граѓаните направија резервации за соседството. Но, има и такви кои се одлучија за европските метрополи, па и за некои егзотични места. Цените на тридневните автобуски аранжмани се од 130 до 180 евра, а со вклучен авион, од 400 евра нагоре.
За летните аранжмани ќе има поскапување од 10 до 20 отсто, особено на авионските заради поскапите авио-билети, велат од туристичките агенции. Голем дел од граѓаните се одлучуваат за рани резервации, уште од ноември. Интересот за патување е голем оти попустите се и до 50 отсто за рани резервации.
Од агенциите велат дека е опаднат интересот за Турција, особено за Кападокија како едно од најатрактивните и најпосетени места. Објаснуваат дека се откажувале и осмомартовските патувања за Турција, иако по земјотресот, постепено се враќа интересот.
Александра Велинова
