Македонија

Средба Маричиќ-Албарез

14.04.2023 18:50

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарез Буено, кој е во еднодневна официјална посета на Северна Македонија...

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарез Буено, кој е во еднодневна официјална посета на Северна Македонија.

Вицепремиерот Маричиќ на почетокот за заблагодари за поддршката што Шпанија ја дава на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија и укажа дека меѓусебната поддршка, како и добрите билатерални односи, го потврдуваат искреното пријателство меѓу Северна Македонија и Шпанија, кое следната година слави 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете држави.

-Поддршката од Шпанија за евроинтегративниот процес и реформите продолжува, за нас е клучно на време да ги завршиме нашите обврски. Шпанското претседателство со Европската Унија ќе одигра огромна улога за нашиот напредок во следната фаза на преговорите и нашата позиција во пакетот за следното проширување на ЕУ, рече Маричиќ на состанокот.

Министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарез Буено потврди дека Северна Македонија може да смета на поддршката за забрзување на преговорите со ЕУ и дека не е случајна неговата посета на регионот, во пресрет на шпанското претседателство со Унијата.