Франција
Уставниот суд на Франција ги одобри пензиските реформи
14.04.2023 21:20
Уставниот суд на Франција го одобри покачувањето на старосната граница за одење во пензија од 62 на 64 години...

Уставниот суд на Франција го одобри покачувањето на старосната граница за одење во пензија од 62 на 64 години и го отфрли повикот на политичката опозиција за референдум по ова прашање. Судот, сепак, утврди дека некои од реформите имаат правни недостатоци.
Од јануари, низ Франција имаше 12 дена масовни протести и штрајкови поради непопуларните пензиски реформи.
Во Париз, вооружени полицајци беа на готовност во близина на силно обезбедуваната зграда на уставниот совет.
Владата на претседателот Емануел Макрон тврди дека промените се неопходни за да се спречи колапсот на системот.
