Крушево

Крушево: Полни капацитети за Велигден

15.04.2023 10:24

Со 90 насто се исполнети капацитетите со гости во Крушево за велигденските празници. Тие се своевидна најава на пролетната и летна туристичка сезона со манифестации и меѓународни параглајдинг натпреварувања. Крушевчани подготвени да ги угостат посетителите и да ги негуваат традициите за празникот…

Крушево преполно со гости и посетители за велигденските празници. Резервирани се преку 90 насто од околу 1.000 сместувачки легла во градот кој за празниците нуди мир, спокојство, убава природа и богата историја.

Во Крушево пристигнаа нашинците и нивните гости.

„Јас сум од Шведска, а потекнувам од Германија. Патуваме. Знам за Крушево дека има влашко население. Ова ми е прва посета на Македонија“, изјави Јасмин Фергусон од Шведска. 

Крушевчани ги негуваат обичаите за најрадосниот празник Велигден и се подготвени да ги угостат посетителите.

Велигденските празници во Крушево се најава за богатата пролетна и летна сезона со меѓународни параглајдинг натпреварувања, домашни и странски манифестации. Крушево е и град на културата за оваа година.

 

Елизабета Митреска