временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

15.04.2023 09:00

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, која попладне ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 19 степени.