Битки за Бахмут
Тешки борби за Бахмут и Славјанск. Киев тврди дека се погодени станбени згради со проектили С-300...

Тешки борби за Бахмут и Славјанск. Киев тврди дека се погодени станбени згради со проектили С-300.
„Не поминува ни час неделава пред Велигден а да нема убиство од Русите. Оваа земја е зла и губи. Наша должност кон човештвото е да победиме“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Финска почна да го гради првиот дел од оградата на границата со Русија, само две недели откако влезе во НАТО.
„НАТО е силна поддршка, имаме силна војска, добро опремена. Нарачавме 67 нови борци од американската корпорација Локхид. Тие пристигнуваат“.
„Се потпирам на финската армија, можеме да си ја браниме државата. Не се плашам“.
„Во Иматра не се плашиме од Русите бидејќи границата секогаш постоела и никогаш не била отворена како што е случајот со европските земји. Задоволни сме со оградата“, изјави Антеро Лату, заменик-потпретседател на градскиот совет.
Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност Медведев порача дека Полска може да исчезне ако почне војна меѓу Русија и НАТО. Во меѓувреме, покренато е обвинение против припадникот на Воздухопловството на Националната гарда на Масачусетс Џек Тешира поради објавувањето податоци од Пентагон во кои се споменуваат детали за украинската војна.
