ИНДИЈА

Во Индија се урна мост, има жртви

15.04.2023 10:16

Повредени се над 70 лица за време на пролетен фестивал. Неколкумина се во критична состојба...

Жртви при пад на преполн мост во Кашмир, Индија. Повредени се над 70 лица за време на пролетен фестивал. Неколкумина се во критична состојба.

Нискиот метален мост има капацитет само за околу 30 луѓе. Лошата градба и преоптоварувањето се вообичаени причини за уривање на мостови и згради во Индија.

Лани загинаа над 100 лица при пад на висечки мост стар 100 години во западната индиска држава Гуџарат.