ФРАНЦИЈА
Макрон не се откажува од пензиската реформа
15.04.2023 10:20
Макрон ќе го потпише Законот за пензиската реформа откако Уставниот суд го одобри зголемувањето на страносната граница за одење во пензија од 62 на 64 години...

Францускиот претседател, Емануел Макрон ќе го потпише Законот за пензиската реформа откако Уставниот суд го одобри зголемувањето на страносната граница за одење во пензија од 62 на 64 години. Со тоа е отфрлено барањето за референдум по ова прашање.
Синдикатите ги повикуваат работниците да ги интензивираат штрајковите од следната недела.
